речник контакт

По петгодишна борба, стечаен надоместок за Порцеланци

Седумдесетина стечаци со повеќе од 25 години стаж ќе добиваат од јануари месечен надоместок а во декември ќе им биде исплатено ретро за периодот од 2008-та. Одлуката дочекана со солзи и со аплауз

Петар Печков

Седумдесет  некогашни работници, сега стечајци од велешка Порцеланка од овој месец ќе го добиваат месечниот надоместок.  Согласно Законот за материјално обезбедување на невработени лица,  кои биле во работен однос во фирми во државна сопственост а со повеќе од 25 години стаж, тие ќе добиваат по 7,4 илјади денари надомест, како и платено здравствено осигурување. .

По долгогодишна борба најдовме начин да им помогнеме на 70-тина стечајни работници од велешка Порцеланка. Средствата ги обезбедивме  од Буџетот на Агенцијата за вработување и се во висина од 29 милиони денари. Решенијата се изготвуваат и наскоро ќе ги добијат. Така правдата ќе биде задоволена а проблемот решен – изјави Диме Спасов министер  за труд и социјала.

Тој дојде лично да им ја соопшти оваа вест на стечајците од Порцеланка, кои ја дочекаа и со солзи и со аплауз.  Овој пресврт, некогашните вработени во Порцеланка а кои имаат повеќе до 25 години стаж, да  добиваат месечен надоместок, доаѓа откако поранешниот сопственик на Порцеланка во 2002-тата Леонардо Питиќев од Виена, минатата година   доставил документација со која судот  утврдил дека фирмата е во државна сопственост.

По ова и судот пресудил во корист на некогашните вработени. Ваквата состојба вработените во Порцеланка ја тврдеа уште од август  2008-та кога поднесоа барање за месечен стечаен  надоместок. Нивната борба за докажување на вистината траеше пет години, за сега Агенцијата за вработување конечно да признае дека  работниците  биле во право.

Лицата ќе може да го користат надоместокот од овој месец, декември ќе го  добијат во јануари и ретроактивно од 2008-та почнувајќи од денот на поднесувањето на барањето.  Тоа ќе им биде исплатено до 19ти декември. Ќе бидат исплатени  за целиот период, под услов да немаат прекин, да не биле некаде работно ангажирани или ако заминале в пензија. Пари ќе добијат и неколкумина починати  кои не дочекаа да ги добијат овие средства.  Ќе добијат најмногу до 440 илјади денари – изјави Влатко Поповски директор на Агенцијата за вработување. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »