Петар Печков
Објавено: вторник, 23 јуни 2015
Во четирите спомен куќи во Велес, основците од градот ги учат старите подзаборавени занаети. По петти пат се одржуваат Етно креативни работилници каде се присутни 50-тина деца ученици во велешките училишта. Тие во куќата на Рацин работат грнчарија, во куќата на Главинов столарија, во Касапови ткајат и плетат а во куќата на Џинот се изработува накит.
Целта на овие работилници е да ги афирмираме старите заборавени занаети. Сакаме децата да ги запознаеме со дел од вештините на нивните дедовци и баби. Годинава се случи децата да доаѓаат самостојно да се пријавуаат, надвор од училиштата. Имаше толкав интерес што некои, кои работеа лани, да ги вратиме - изјави Гоце Станчев од здружението ,,Разбој,,.
На работилниците се работи 10 дена, завршната изложба ќе биде во куќата на Касапови, каде ќе бидат изложени сите изработени предмети.
Секое дете си носи со себе некои од изработените предмети а другите остануваат за здружението ,,Разбој,, кој е организатор на работилницата. Бидејќи имаат доста собрани рачни изработки планираат да организираат хуманитарна акција каде тие ќе се продаваат а собраните средства ќе одат за добротворна цел.
Дојдов по втор пат за да ги дознаам тајните на грначрството и ја користам глината да создадам употребливи предмети - вели Стефан Стефков ученик од седмо одделение од ОУ Васил Главинов.
Глината со која децата работат е од околината на градот, од Раштански лозја, каде со децении се користи за создавање грначрски производи. Покрај стомните кои некогаш Рацин ги создал, тие седат на грнчарското колце и успешно го вртат.
Занаетот е интересен за децата но и тежок за учење. Тие имаат голем елан за работа, посебно што работат во куќата на Рацин, која ги инспирира. Бидјеќи побарувачката на пазарот се смени, сега се бараат уметнички предмети, децата покажуваат интерес за овој занает, има и доста девојчиња - рече Цветан Шопов мајсторот кој ги обучува децата.
Една седмица е потребно за завршување на еден предмет, вклучувајќи го и печењето. Годинава за прв пат на Етно работилниците се работи на изработка на накит. Бројни девојчиња нижат монистри, пари, камчиња, создваат гердани, белегзии.
Иако е воншколски период, децата уредно доаѓаат во 8 наутро тука и се забораваме од работа. Толку се внесени во изработката. Имаме за цел да го споиме традиционалниот накит со современиот тренд. Очекувам дека на некое од девојчињата ова нема даму биде хоби,туку по некое време ќе му биде занимање - објаснува Тања Таневска која работи со девојчињата.
Тие се во куќата на преродбеникто Џинот, на пет минути од неа е куќата на Касапови. Тука традиционално се ткае, плете, шие.
Со секој изработен предмет, децата покажуваат поголема желба, поголем интерес за создавање на ново, друго. Покажуваат голема љубов кон столарството - рече Трајче Игнов кој ги учи младите на столарскито занает. Се работи со чамово дрво, кое е најдобро за изработка на украсни предмети.
Предметите што ги изработуваме ги даваме како подарок. Ме привлече бидјеќи дрвото најмногу се користи за создавање уметнички предмети, можат да се изработа различни предмети - рече Бошко Апостоловски е трета година како учесник, тој е осмо одделение во ОУ Васил Главинов.
Девојчињаа овие денови плетат, ткајат, шијат. Имаат голем емрак, има поголем интерес од лани, дојдоа 14 ученички. Некои деца искрено знаат многу добро да работат - вели Вида Станчева, која ги учи како се користи разбој, вретено и други позаборавени предмети, кои некогаш жената ги употребувала дома.
Убаво е да се зачуваат старите занаети, нешто што работеле нашите претци. Не ми беше тешко, оти ме учеа баба ми и прабабами и ова не е ново за мене.Мнгоу е интересно и не се срамам од овие предмети - рече Ангела Попчева седмоодделение во ОУ Блаже Конески.
Tweet |