Петар Печков
Објавено: вторник, 30 август 2022
Ноќеска после полноќ, во 1,30 ч. велешанец додека се движел по улица, бил нападнат од две лица пари што му биле одземени пари. МВР со информација за настанот. Утрово едно од лицата е лоцирано и приведено.
„Денеска полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Е.К.(39) од Велес, затоа што со уште едно женско лице физички го нападнале Д.М.(33) од Велес и му одзеле пари“ - соопштија од МВР.
Осомничениот бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Tweet |