Петар Печков
Објавено: среда, 24 август 2011
Големат летна акција на крводрување кое се одржува во Велес по првиот ден забележа 208 собрани крвни единици. За разлика од претходните години, оваа имаме поцивилизирани услови, во затворен простор, без редици и чекање.
Поради ова организаторот Црвенито крст на Велес, заедно со Одделението за трансфузиологија од Скопје очекуваат дека заедно со утре ќе имаат повеќе крводарители од лани, кога беа собрани 382 шишиња со крв.
Велешани така уште еднаш ја покажуваат нивната голема хуманост, што во времето во кое живееме, на нарушени морални вредности и социјална беда е навистина реткост. На акцијата се одѕваа шарен профил лица, од невработени, стечајци, технолошки вишок, студенти, ученици, лица кои по прв пат дваат крв, возрасни граѓани...
Сите тие ја подадоа раката без за тоа да размислуваат, што го прави нивниот гест за голем и хуман.
Tweet |