Петар Печков
Објавено: вторник, 19 јуни 2012
ВО СИТЕ 4 СРЕДНИ УЧИЛШТА ВО ГРАДОТ ИМА СЛОБОДНИ МЕСТА ЗА УПИС ПО ПРВИОТ УПИСЕН РОК. ВО ЕКОНОМСКОТО УЛЧИЛИШТЕ ВО ПРВИОТ РОК СЕ ЗАПИШАА 68 ОД 117-ТЕ ПРИЈАВЕНИ ОСНОВЦИ. ОСТАНУВААТ 102 СЛОБОДНИ МЕСТА ОД КОИ НАЈМАЛКУ 12, ИМА ВО ПРОФИЛОТ ДЕЛОВЕН СЕКРЕТАР.
ВО ГИМНAЗИЈАТА КОЧО РАЦИН ВО ПАРАЛЕЛКИТЕ НА МAКЕДОНСКИ ЈАЗИК СЕ ЗАПИШАА 153 УЧЕНИКА СО ШТО Е ИСПОЛНЕТ МИНИМУМОТ ЗА ФОРМИРАЊЕ НА ПАРАЛЕЛКИТЕ, НО ВO ИДНИТЕ РОКОВИ ЌЕ ИМА МЕСТА И ЗА ДОПОЛНИТЕЛНИ 85 УЧЕНИЦИ. ВО ПАРАЛЕКАТА НА АЛБАНСКИ ЈАЗИК СЕ ЗАПИШАЛЕ 16 УЧЕНИКА И ОВДЕ ИМА 18 СЛОБОДНИ МЕСТА.
ВО ДИМИТРИЈА ЧУПОВСКИ УСЛОВОТ ВО ПРВИОТ РОК ЗА УПИС ГО ИСПОЛНИЛЕ 122 УЧЕНИКА, И ВО ИДНИТЕ УПИСНИ РОКОВИ ИМА МЕСТО ЗА УШТЕ 116, А НАЈМАЛКУ СЛОБОДНИ МЕСТА ИМА ВО ЗДРАВСТВЕНИТЕ ПРОФИЛИ.
ВО КОЛЕ НЕДЕЛКОВСКИ ИМА МЕСТО ЗА 238 УЧЕНИКА ВО 10-ТЕ ПРОФИЛА КОИ ГИ НУДАТ, А ПО ПРВИОТ УПИСЕН РОК СЕ ЗАПИШАЛЕ 125 УЧЕНИЦИ.
ВО СИТЕ УЧИЛИШТА ВО ИДНИОТ УПИСЕН РОК КОЈ Е ЗАКАЖАН ЗА 29ТИ И 30ТИ ЈУНИ ЌЕ БИДЕ НАМАЛЕН И ПРАГОТ НА ПОТРЕБНИ ПОЕНИ ЗА УПИС, ПО ШТО ОД СРЕДНИТЕ УЧИЛИШТА СЕ НАДЕВААТ ДЕКА ЌЕ ГИ ПОТПОЛНАТ И ПРЕОСТАНАТИТЕ МЕСТА.
Tweet |