речник контакт

По расправија на две лица, едниот од нив прегазен од автомобил, управуван од синот на лицето учесник во кавгата

По инцидентот, лицето побегнало, но полицаја го привела и уапсила

Петар Печков

Средата попладне уапсен жител ан село Виничани, по инцидент, со автомобил го прегазил соселанецот, кој починал од последиците. Лицето било прегазено, откако имало расправија со таткото на осомничениот.

„На 19.07.2023 полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода С.К.(25 год) од село Виничани. Тој во селото, со патничко возило "фиат панда" со велешки регистарски ознаки, удрил во А.Ц.(43 год) од истото село, кој претходно имал вербална расправија со таткото на приведениот“ - соопшти Ристе Самарџиев, портпарол на СВР Велес.

А.Ц. од здобиените повреди починал, а смрт констатирал лекар од Општата болница Велес, додека С.К. избегал од местото на настанот, но набрзо бил пронајден и приведен.

„Во 16ч. во болницата е донесен пациент кој не покажувал знаци на живот. Реанимиран е, се правеле обиди за враќање во живот, но безуспешно, пациентот бил починат“ - кажа д-р- елена Левкова Ќулумова, портпарол ан Општа Болница Велес.  
По целосно документирање на случајот, полицијата  против С.К. ќе поднесе  соодветна пријава.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »