речник контакт

По реакциите на граѓаните за бројните кражби во домовите, СВР Велес вели ја обезбедуваме безбедноста и имотот на граѓаните

Граѓаните од ул. Коле Цветков вчера се организираа и бараат заштита

Петар Печков

Граѓаните на левата страна на градот реагираа на кражбите кои се случуваат во нивните домови. За ова во неколку наврати пишуваше ТрМр, но ниту кражбите престанале ниту реакциите се намалија. Вчера попладне жителите од ул. Коле Цветков одржаа состанок за тоа како да се слушне нивниот глас за кражбите, но и побараа реакција од ПС Велес. 

Претходно командирот Александар Костов кажа дека во овој дел на градот  имаме најголем дел од полицајците, дел од нив биле  во цивил, и затоа не се забележливи за јавноста.  Од ПС Велес ги смируваат граѓаните дека и понатаму ќе продолжи да ги исполнува законските обврски за обезбедување на безбедноста и имотот на граѓаните. Во писменото соопштение информираа што се е сработено на терен изминатите два месеци.

„Во текот на февруари на територијата на Велес пријавени се 11 тешки кражби и 1 кражба во куќа, од кои 3 биле во напуштени куќи. СВР Велес расчисти 7 тешки кражби и 1 кражба. Во текот на март пријавени се 12 тешки кражби и 2 кражби, од кои 7 биле во напуштени куќи. СВР Велес расчисти 3 тешки кражби,  а за 4 се добиени сознанија за сторителите и по целосно документирање ќе бидат поднесени соодветни поднесоци. Во текот на април пријавени се 5 тешки кражби и 1 разбојништво, од кои 2 тешки кражби се расчистени“. - кажа Ристе Самарџиев портпарол на СВР Велес.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »