Петар Печков
Објавено: петок, 30 јуни 2023
До крајот на денот карпата која виси над делницата од автопатот Скопје- Велес ќе била отстранета. Ова доаѓа по реакцијата на Центарот за управување со криза, дека на бројот за итни случаи 112 во ЦУК, имало повеќе јавувања, пријави од граѓани за карпа која се надвиснала по првиот тунел од автопатот, пред Башино село близу до влезот за Велес.
„Машината која расчистува вакви карпи е на пат и таа до крајот на денот треба да ја отстрани“ - изјавија до ЈП Македонија пат која е надлежна за одржување на автопатот од Табановце до Гевгелија.
Претходно од Центарот за управување со кризи (ЦУК) било испратено известување за опасност по учесници на сообраќај, до Јавното Претпријатие за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта (ЈПОЗМРП) и до Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП). За истата опасна карпа,
„Ситуацијата со опасната карпа и можен одрон на дополнителен материјал од високиот масив покрај автопатот, при нејзино паѓање, налага превентивно и корисно е во најбрз можен рок да биде извршена санација и отстранување на наведената карпа, како превенција да не дојди до загрозување на човечки живот и на уништување на материјални добра“- велат од ЦУК.
Повеќе од 18 денови карпата била одвоена од основниот масив високо над патот и од неа паѓале парчиња на коловозот, со што директно бил загрозени возилата, постоела директна опасност по животот на луѓето и материјални добра на учесниците на сообраќајот.
Tweet |