Петар Печков
Објавено: четврток, 04 јуни 2020
По само седум дена, заврши јавниот повик за субвенционирање на набавка на сончеви термални колектори, кој го распиша локалната власт. Откако беше објавен минатата среда, тој утрово беше прекинат. На повикот се пријавиле 64 граѓани на општината.
Бидејќи сите финансиски средства во вкупен износ од 500.000 денари предвидени за субвенционирање на соларни сончеви термални колектори се исцрпени, јавниот повик за оваа намена денес се прекинува пред истекот на рокот - изјави на денешната прес конференција градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски.
Јавниот повик беше со рок до 26 јуни годинава, меѓутоа нема потреба од негово натамошно траење поради исцрпувањата на средствата.
Јавниот повик за субвенционирање на велосипеди е во тек но и тој наскоро ќе биде прекинат, најави градоначалникот, исто така пред истекувањето на рокот. За велосипеди се поднесени 146 апликации, од исто толку поединци кои биле доставени до архивата на Општина Велес.
Со ваквата соработка меѓу општината и граѓаните се зголемува јавната свест за повеќе да се користи велосипедот како превозно средство, а со сончевите колектори ќе се овозможи и намалување на сметките за струја во домаќинствата- додаде Коцевски.
Tweet |