Петар Печков
Објавено: недела, 14 јуни 2015
Во Ликовниот салон во Велес беше отворена изложбата ,,(По) трагите на водата,,. Оваа екслузивна изложба е на акварели сопственост од Националната галерија на Македонија, а пред велешани се претставени 34 слики од исто толку автори. Промотор на изложбата беше директорот на Националната галерија, Маја Неделкоска Брзанова.
Преку овој избор на ликовни дела, публиката ќе биде сведок на развојот на современата македонска ликовна уметност. Ова е исклучителна можност да се видат делата на автори, мајстори на уметничката гранка акварел од Македонија но и од соседните држави. - рече Неделкоска Брзанова.
Следните две седмици пред велешката публика се делата на македонските автори Пандилов, Личеноски, Коџоман, Белогаски, Цицо, Караџа, Шојлев но и на Лубарада, Вежа, Хајро, Хакман, Крижман. Истата изложба веќе беше претставена во Националната галерија на Македонија а со избор на дел од акварелите ќе патува освен во Велес и во други градови од земјaва.
Tweet |