Петар Печков
Објавено: четврток, 06 август 2020
В недела ќе се одржи третата кино проекција во автомобил, Drive In Cinema во Велес.
На нова локација, паркингот од SMELT-ING, или спроти АМСМ, а близу некогашна Топилница. И терминот на почетокот е нов 21,30ч.
За овој пат најавено е прикажувањето на комедијата „ТHE BEACH BUM“ со Метју Меконахи, раперот Снуп Дог, Исла Фишер. Мартин Ловренс. Филмот е од ланската продукција, со времетраење од 95 минути.
И овој настан е организиран од EVENTIVE цената на билетот е од 100 до 200 денари за лице, во зависност од местоположбата од кaде ќе се следи филмот.
Пред почетокот на проекцијата како загревање ќе настапат ДЏ Попај и ДЏ Шорти.
Како превенција за ковид-19, задолжителни се заштитни маски при влез и за време на проекцијата на филмот.
Tweet |