речник контакт

По трет пат за месец и половина се чистеше Дервенскиот поток

Дел од граѓаните неми на апелите да се почитува комуналниот ред

Петар Печков

Откако на 30-ти ноември вонредно беше исчистен Дервенскиот поток, екипите на ЈКП Дерен го чистеа уште два пати. Во саботата повторо, оти за кратко ем таму е собран отпад кој го фрлаат некои од жители на овој дел од градот.

„По трет пат за месец и половина ЈКП Дервен денеска го исчисти игралиштето кај Потокот. Собрани се 4м3 смет. За жал, лошите навики тешко се менуваат“ - велат од ЈКП Дервен.

Залудни беа нивнеи апели и предупредувања да се почитува комуналниот ред, кога за некои наши сограѓани тоа не важи. Но не само во овој дел на градот.

Пред некој ден по втор пат за еден месец се чистеше дивата депонија, во центарот на градот на ул. Никола Оровчанец, која води кон железничката  рампа за Дворови.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »