Петар Печков
Објавено: петок, 08 мај 2015
Автомобилот марка форд фиеста, сопственост на Јордан Лазаров, екс претседателот на велешкиот суд вчеравечер повторно е оштетен. Овој пат е полеан со солна киселена и сите четири гуми се пробушени со нож. Настанот се случил на улица Нада Бутникошарева , на паркингот кај Градскиот пазар во терминот од 20,30 до 21,30 часот.
Автомобилот вечерта го возел неговиот син, кој го паркирал, додека бил да спортува во блиската спортска сала. Кога завршил и сакал да си замине, се шокирал од глетката, автомобилот бил попрскан по кровот и хаубата а гумите избушени. Ова е трето оштетување на истиот автомобил форд фокус. Лани на 1 3 април беше опожарен а на 15 февруари годинава трите гуми беа пробушени. овие два настани се случија пред домот на Лазаров.
Моето семејство после овие три настани не е сигурно, не се чувствуваме безбедни. Полицијата досега не успеа да ги пројаде сторителите ниту на првиот ниту на вториот чин на оштетување на возилото- кратко изјави Јордан Лазаров. Тој има сомнеж за можен сторител, кој мисли дека го предизвикал делото, бидејќи смета дека синот бил следен и било познато каде се наоѓа автомобилот. Од СВР Велес го потврдија настанот и додаваат дека преземаат мерки за откривање на сторителот.
Tweet |