Петар Печков
Објавено: четврток, 11 јуни 2020
Нова група од 39 лица во државен карантин во хотел Монтенегро вчера го напушти објектот. Тоа беа македонски државјани кои завчера се вратија во земјава и денес се веќе во нивните домови.
Лицата заминаа во две групи, претпладне 21 попладне 18. На сите нив беше претходно правена биолошка анализа, земен брис. На сите лица резултатите беа негативни по што беа пуштени дом. - изјави д-р Страхил Тодоров, портпарол на итната помош, која заедно со Општа Болница дaва по две дежурни екипи, кои се постојано присутни во објектот.
Оваа е новина неодамна воведена, со која на повратиците од странство а се македонски државјани, им се два можност од легално лиценцираните лаборатории, да изберат која ќе врши тестирање, доколку не сакаат да останат во државен карантин 15 дена. Доколку резултатите се негативни, тие веднаш заминуваат дома. Од оваа група 30 лица го искористиле тоа право, па во хотел Монтенегро останала група од осум лица.
Tweet |