Петар Печков
Објавено: понеделник, 09 јануари 2012
Пробиен е патот до селата Горно и Долно Јаболчиште, каде живеат околу четири илјади жители. Тие три дена беа отсечени од светот, откако снегот и невремето го блокираа патот со општинскиот центар Чашка. Исто толку време жителите на овие две села биле и без електрична енергија.
Беше страшно, три дена без комуникации со светот,патот завеан, навечер во мрак и темница. Добро е што немавме потреба од доктор за ова време, бидејќи ќе можеше да се случи нешто лошо. Еве денес понеделник напладне булдожерите стаса до селото, на наша голема радост и струјата – изјави во телефонскиот разговор жител од селото Горно Јаболчиште.
Селаните од овие две села посочуваат дека често се случува да бидат отсечени од светот, поради лошиот земјен пат и очекуваат со нетрпение пролетва да заврши асфалтирањето на патот во должина од 8 км. по што се надеваат дека ќе немаат вакви проблеми. Селата Долно и Горно Јаболчиште се на надморска височина од илјада метри во пазувите на Јакупица, под врвот Солунска глава.
Tweet |