Петар Печков
Објавено: петок, 19 април 2013
Откако три дена беше во бегство велешката полиција го фати насилникот кој натепа полицаец. СВР Велес поднесе кривична пријава против И.Д (39) за „Напад над службено лице при вршење на работи од безбедноста“ и кривична пријава против ДД (43), С.И (37) и едно непознато лице, поради сомнение дека сториле кривично дело “Спречување на службено лице во вршење на службено дејствие”. На тепачот по барање на обвинителството му е одреден 30 дневен притвор.
Според СВР Велес на 16 април полицаец се упатил да достави покана до И.Д. со која се повикува во Полициската Станица Велес заедно со неговиот малолетен син, на службен разговор во врска со претходно извршено кривично дело Кражба. Откако полицаецот дознал кој од продавачите на тезгите на градскиот пазар е бараното лице, се упатил кон него го легитимирал со цел да го утврди неговиот идентитет и му објаснил зошто го повикуваат.
По ова И.Д. почнал да вика на висок тон, а кон полициски службеник во тој момент се доближиле останатите три блиски лица на пријавениот и го фатиле за двете раце а бараниот физички го нападнал полицаецот удирајќи го три до четири пати со тупаници по лицето, по што се здобил со повреди и крвавел. Второ пријавениот Д.Д има сотрено и убиство за што одлежал казна затвор
Tweet |