Петар Печков
Објавено: понеделник, 17 октомври 2022
Првачињата од општина Велес деновиве ќе добијат по три илјади денари, парична помош. Иста ќе биде испатена на некој од нивните родители, најдоцна до среда. Ова го соопшти градоначалникот Марко Колев, со што ќе се реализира одлуката на Советот, донесена на 18-тата седница одржана на 7 јули годинава.,
„По донесувањето на одлуката на Советот на Општина Велес за паричен надоместок за секое прваче со ребаланс на буџетот ги обезбедивме потребните средства за околу 500 првачиња од Општината. По завршувањето на сите административни процедури средствата ќе бидат на располагање на сметките на родителите најдоцна до среда“ - соопшти Колев.
Според објавените бројки на почетокот од учебната година во прво одделение, во седумте основни училишта, годинава запишани се 473 прво одделенци.
На истата таа седница беше донесена одлука за еднократна парична помош за секое новороденче во општина Велес, која ќе се реализира од наредната 2023 година.
Tweet |