речник контакт

По три месеци работа, повторно времено е затворена Модуларната болница, поради малиот број пациенти

Утрово во неа имало петмина пациенти

Петар Печков

Откако десетина дена опаѓаше бројот на згрижени пациенти со ковид-19 во Модуларната болница во Велес, таа од претпладнево е повторно времено  затворена.  Утрово таму имало пет пациенти, со проблеми поради корона вирусот, четворица од Велес и еден од Свети Николе. Тие беа префрлени на другите ковид одделенија.   

„Од денес се затвора Модуларната болница. Пациентите позитивни на ковид се префрлаат на Инфективно одделение, а негативните со продолжено болничко лекување, на Интерно одделение“ - кажа д-р Елена Левкова Ќулумова, портпарол на велешка Болница.

Модуларната болница во Велес започна со работа на 17 март и работеше до 26 мај, кога поради малиот број пациенти беше затворена.  Во вториот период  примаше пациенти  три месеци, од 4-ти септември до денес.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »