речник контакт

По четврти пат во Велес Импакт фест

Фестивал на театарската уметност до 18 до 23 септемеври. Гостува и Младинско од Љубљана

Петар Печков

Со  меѓународен симпозиум, утре четврток, започнува четвртиот фестивал на театарот ,,Импакт,, кој се одржува во Велес. Со учество на еминентни имиња на  театарската теорија од повеќе земји Мајк Пирсон професор од Велс, Силвија Ботероли директорка на фестивал од  Италија, Гај Гудман декан на факултет од  Тел Авив, Кетлин Ирвин декан на Универзитет од Канада, тие ќе дебатираат на тема ,,Меморија и простор,,  Фестивалот се одржува од 18-ти ди 23 септември   а ќе бидат прикажани пет претстави.

Донесовме импресивна група на театарски теоретичари, кои сигурно на симпозиумот ќе донесат квалитетна дебата. Донесовме и пет квалитетни претстави, кои се авантура во однос на класичниот театар, на Фестивал со  екстремно ограничен буџет. Публиката со своето присуство изминатите  години, го докажува својот интерес за поинакво гледање  од класичното доживување на уметноста, на театарот. Има  претстави кои се допаѓаат други не, не алудираме и не сакаме сите да се допаднат. Меѓутоа инсистираме да бидат различно доживување. Некои комуницираат  со публиката со приказната, други со визуелен  дизајн, трети со емоција. Затоа секоја година  нудиме различна програма и се  обраќаме на една целна група луѓе кои се заинтересирани и отворени за нови предизвици   – рече Александар  Ивановски режисер и организатор на Фестивалот. 

Публиката до вторник ќе може да ги види Младинско гледалишче од Словенија со ,,Ветер на мудроста,, романската ,,Шекспир те сакам,, на Дизел Клуб театар, Убавина на Петар Милошевски, Трансферату на Интимен татар од Македонија и Дневникот на Хулиганот на Васил Зафирчев.

Последните три претстави се  играат пред ограничен број гледачи, на мала сцена во велешкиот театар, романската гостува  во ноќниот клуб Тарантино. Цената на влезницата по претстава е 50 денари. Фестивалот финансиски е поддржан од  повеќе Европски фондации, Европската програма за култура при ЕУ,  Фондацијата Алијанс од Германија и помал дел од Министерството за култура. Технички помагател е Народниот театар  ,,Јордан Хаџи Константинов Џинот,,.Организатор невладината организација  Центар за креативна акција ,,Импакт,, 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »