Петар Печков
Објавено: петок, 14 август 2020
Откако цела седмица во Велес немаше регистрирано нови позитивни случаи со ковид-19, денес има три, информираа од Центарот за јавно здравје, а оздравени нема. Така во Велес има28 активни случаи. Досега се регистрирани вкупнo 241 лица кои имале корона вирус.
Во Велес имаме три нови случаи на заразени со ковид-19, сите три се жени, на млада возраст. Две се вработени во фабрика во Кавадарци од каде се заразиле а третата не може да прецизира. Според епидемиолошката анкета не излегла надвор од градот, не е од работното место - изјавија од Центарот за јавно здравје Велес.
Во Велес денес нема оздравени лица. Активни случаи во Велес се 28 случаи, 200 се оздравени и 13 починати. Од активните случаи 23 се на домашно лекување и пет се на Инфективно одделение.
На инфективно одделение има 16 лица хоспитализирано, за еден е непотврден се чекаат резултати. Градоначалникот Аце Коцески на денешниот прес кажа дека двајца пациенти од Инфективно итно се префрлени во Скопје.
Еден пациент од Кавадарци и еден од Свети Николе во текот на вечерашното попладне се префрлени на Инфективната клиника во Скопје поради влошување на нивната здравствена состојба -кажа Коцевски.
Овој период три медицински сестри од Општа Болница Велес биле ангажирани во ГОБ 8-ми септември Скопје.
Во велешко според СВР Велес 32 лица имале Решение за самоизолација и треба да се наоѓат дома.
Tweet |