Петар Печков
Објавено: среда, 26 јули 2023
По шест дена пауза од утрово повторно е во сообраќај патничкиот воз од Скопје за Гевгелија, кој тргнува во 6,23 минути а од Велес во 7,23 како и попладневниот од Гевгелија за Скопје кој тргнува во 16,55 ч. а до Велс кон скопје во 18,40ч.
Ова беше одговорот на ЈП МЖ Инфраструктура на поставеното прашање, но немаше одговор зошто шест дена овој патнички воз не сообраќаше.
Од почетокот на месецот Македонски железници АД транспорт, укина десет железнички постојки- стојалишта. Причината е што анализата покажала дека многу мал број патници ги користат за патување.
Тоа се стојалиштата Стоби, Смоквица, Нова Смоквица, Милетково, Кадина Река, Клисура, Згрополци, Бакарно гумно, Смесница и станицата „Даме Груев“.
Додека за стојалиштето Ореше застанува еден од трите патнички воза кои таму минуваат кон Битола и еден кон Скопје. Исто така патничките возови, тие од и кон Битола, не застануват на стојалиште Пчиња.
За риболовците кои најчесето го користеа стојалиштето Стоби, од МЖ Транспорт упатуваат лицата за се пријават претходно, за да тие одобрат возот да сопре.
Tweet |