речник контакт

По шести пат групна крштевка на реката Бабуна (фото)

Годинава 30-тина пред се млади беа крстени во водите на реката Бабуна

Петар Печков

Триесетина млади се крстија во водите на реката Бабуна..   Ова беше шесто  групно крштевање на Повардарската епархија на МПЦ   со кое  на ваков начин се предаде светата тајна – крштевањето. Крштевката е моментот, кога верниците според верата се соединуваат со Бога.

Овој чин  е влез во  црквата, за да може потоа секој човек да ги ползува  сите световни моменти. Без крштението немаме припадност, влез кон православната вера.  Овие верници денес добија  закрилник - ангел чувар кој ќе ги пази во нивниот живот. Крштението е оклоп преку кој верникот се бори против  сите пороци и гревови. Бројката на оваа чин  на ново крстени се намалува, но тоа значи дека имаме се помалку лица кои не се крстени. Гледате и сами дека годинава имаме многу млади не само до Велес туку и од Повардарието  кои се крстија во реката Бабуна  - изјави Ристе Јанушев протојереј  свештеник од велешкото намесништво на Повардарската Епархија на МПЦ. 

Сите што денес  беа крстени беа млади, на возраст до 30-тина години. Имаше и неколкумина од Скопје, Кавадарци, Гевгелија.   Скопјаните дојдоа  во Велес оти повеќе немало групна крштевка на Матка, тие  од Кавадарци  се одлучиле за Бабуна а не за групната крштевка на Тиквешко, која е исто денес, оти морало час и повеќе да се патува со чамец.

Одамна ја имам желбата да се крстам и тоа конечно денес ми се случи.  Имав можност во некои претходни години, но се  одолговлекуваше, се нешто излегуваше  за да овој пат  и јас се крстам. Беше убаво што повеќето бевме млади на оваа групна крштевка.  Новото чувство што го добив е некоја хармонија, како  кога излегуваш од црква, мирно, спокојно -  изјави Дијана Најдова студентка  од Велес.

Меѓу  крстените беше и 14 годишниот  Давид Деловски кој живее со неговите родители во Словенија, дошол на одмор кај дедо му и ја искористил оваа можност да се крсти.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »