Петар Печков
Објавено: вторник, 14 февруари 2023
Повеќе од 400 учесници беа дел од шесто меморијално искачување на Клепа во чест на трагично загинатите Калина и Александар. Освен од Македонија имаше учесници од Србија и Австралија.
Организатори беа СПЕД Клепа од Росоман, ЕГ Грин Пауер и ПСК Азот од Велес и градоначалниците на Росоман и Градско.
„Целта на акцијата е да се промовира малку качуваниот врв Клепа, и да се манифестира заедничка соработка помеѓу планинарските клубови и друштва Фала на сите што дојдоа и го продолжија духот и традицијата на оваа прекрасна манифестација“- за заблагодарија организаторите кон учесниците.
За сите учесници беше обезбеден бесплатен ручек, пијалок и десерт во конаците на манастирот Св. Архангел во близина на село Горно Чичево.
Во чест на прерано заминатите Калина и Александар, и оваа година на дел од патекатаќе бидат засадени повеќегодишни листопадни садници обезбедени од ЈП "Национални Шуми". Во наредниот период ќе се засадат 400 садници на багреми. Должината на патеката е околу 20 км. со висинска разлика од 880 метри.
Tweet |