Петар Печков
Објавено: понеделник, 12 март 2012
Во дербито на женското одбојкарско првенство велешките одбојкарки со максимални 3:0 ја победија екипаta на Македонија од Струмица. Гостинките одзедоа 11,22 и 21 поен во трите сета. Со сигурна и квалитена игра Форшпед стигна до значајна победа со која по три пролетни кола го обезбеди второто место на табелата и поволна позиција пред плеј оф разигрувањето.
Во Ресен во последното коло од Супер лигата во ракомет домаќинот Преспа со високи 32:22 ја совлада младинската екипа на Борец. В среда на домашен терен во заостанатиот натпревар играат Борец и Кавадарци.
Tweet |