Петар Печков
Објавено: понеделник, 06 април 2015
Важна победа за ракометарите на ГРК Борец на гостувањето во Богданци од Првата лига. Совладана е екипата на Младост со 22:31, полувреме 9:14. Велешките ракометари успеаја да стигнат до важни три бода, против конкурентот за втората позиција, кое води во разигрување за влегување со Супер лига. Домаќините ослабени без двајцата најдобри нивни поединци, не беа противник кој можеше да им се спротивстави на велешани. Така сега и двете екипи се на делбата на второто место, со ист број бодови, со тоа што велешани имаат подобра меѓусебна гол разлика. Ова беше прв натпревар од вториот пролетен дел во кој Борец го пречекува лидерот Вардар а Младост му гостува. Во следното коло Борец е слободен а потоа се натпреварите од Купот.
На патеката на реката Треска на Матка, се одржа 47-иот меѓународен кајак слалом Икас. Таму третото место го освои Борче Мирчевски член на ККК Бабуна а четврти беше Љубомир Спасиќ член на ККК Гемиџии. Победи српскиот кајакар Душан Стоиљковиќ, пред Атанас Николовски.
Во Првата футсал лига екипата на Велес е поразена со 7:2 против Црна река во Кавадарци. Ова беше натпревар од 22 коло а велешани се на претпоследното 9-то место со 20 бодови, кое води во разигрување за опстанок од оваа конкуренција. Во следното коло е дербито за опстанок, кога играат Велес и Мал Ајакс кој е 8-ми со два бода предност.
Натпреварот од 16-тото коло на Втората кошаркарска лига, помеѓу Вардар Апаве и Борец баскет е одложен а на 11-ти во 17-тото коло Борец Баскет дома игра со екипата на Бест, со која се соседи на табелата. Пауза до 24-ти април, имаат фудбалерките на Борец, членки на Прваа лига.
Tweet |