речник контакт

Победа во заостанатиот натпревар за ветераните на ОК Борец против ОК Тетово

ОК Тетово - ОК Борец 0:2 Недела велешани играат со ОК Гевгелија во 11,30ч. во салата на ОУ Блаже Конески

Петар Печков

Одбојкарите ветерани на ОК Борец победија во заостанатиот натпревар од второто коло на државното првенство. Тие во Тетово славеа со 2:0 над екипата на ОК Тетово ( 19;19).  Возбудлив и динамичен натпревар во кој велешани беа подбри, за нови два бода, откако славеа и во првото коло, тогаш против ОК Скопје со истиот резултат 2:0. Тие се двократни победници на државната лига и имаат загубено само еден сет  во сите натпревари. 

По две кола оваа година со максимален учинок ОК Борец ветерани е на врвот со две победи колку што има и екипата на ОК Шкендија.

Третото коло се игра в недела, во Велес, во салата на ОУ Блаже Конески. На прогрмата се три средби. Започнуваат во 10ч. први играат ОК Шкендија и ОК Струмица, во 11,30 домаќинот ОК Борец со ОК Гевгелија а во третата средба противници се ОК Скопје и ОК Тетово. Слободен ова коло е составот на ОК Прилеп. 

АНКЕТА »

Дали сте за враќање на платениот паркинг во Велес, за надминување на проблемот со паркирањето?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »