Петар Печков
Објавено: понеделник, 27 февруари 2017
Викендов започна пролетнатиот дел од првенството на Првата одбојкарска лига. Велешки Борец, гостуваше во Кичево, на екипата на првакот Шутова и победи максимално со 3:0 (18,23,16).
Тоа беше полесен тренинг за велешани, кои по 8 кола се трети со 14 бода. Претходно Борец одигра куп натпревар во Штип, против екипата на УГД Студен, каде беше поразен со 3:2 иако водеше со 2:0. Реваншот се игра в среда со почеток во 20ч., во салата на ОУ Блаже Конески.
Tweet |