Петар Печков
Објавено: недела, 18 октомври 2026
Во претколото од Првата одбојкарска лига ГОК Борец со убедливи 0:3 славеше над составот на ОК Весна во Пробиштип. Домаќините освоија 20, 14 и 10 поени по сетови. Ревашнот се игра среда во салата на ОУ Блаже Конески. Велешани се на пат да се пласираат во Првата А лига каде ќе играат победниците од овие баражи, по четири кружен бод систем, секој со секого по четири пати, по што ќе следува разигрувањето за тутулата првак.
Висок пораз за футсал екипата на КМФ Кеги Моби во Чаир каде е поразен со 1:8 од КМФ Шкупи. Ова беше второ коло од Првата лига, велешани во третото коло дома играат со КМФ Јувентус Серава.
Втора победа за кошаркарите на КК Борец баскет, овој пат над КК Младинец со 94:56 (49:24). Подмладениот состав на велешани далеку поквалитетен и фуризоно го надигра составот од Скопје. Натпреварот беше од второто коло на Првата лига, група А. Велешани двете средби беа домаќини на хартија, а поради реновирањето на салата Гемиџии, средбите ги играат во Штип. Во следното коло дерби, проверка на квалитетот на двете екипи од врвот во Скопје играат првиот и вториот КК Феникс и КК Борец баскет.
Победа за велешките одбојкарки во Втората лига од 2:3 (25:18,16:25,25:22,14:25,9:15) во Тетово над состваот на Шкендија, во зирамент и изедначен нептрар. Домаќинките воделе и со 1:0 и со 2:1, а велешанки успеале да израмнат и победат за старт на натпреварите од оваа конкуренција.
| Tweet |




