речник контакт

Победа за ракометарите на ГРК Борец

Во ефикасен натпревар совладана втората екипа на скопски Металург. Илиев постигна 14 гола

Петар Печков

По неколку сушни кола, без победа ракометарите на Борец вчеравечер во салата Гемиџии ја совладаа пред последно пласираната  втора екипа  на скопски Металург.  И тоа во натпревар со многу голови, дури 70 - 38:32 (19:17).  

Гостите имале предност од еден гол се до 20 минута кога по 10:11, велешани со серија од 4:0  поведуваат а првите 30 минути ги завршуваат со 19:17. Во второто полувреме домаќините имале предност и од 9 гола 35:26 и 37: 28 за на крај да слават со плус шест з анови три бода.

За одбележување е што Ивица Илиев  постигна   14 года , Ордев   и Николов по 7. По   првите девет кола Борец се најде на  6-тото место со 10 бода а веќе в сабота првенството продолжува со вториот круг и со средбата со скопски Пролет кој е 4-ти со 16 бода а на стартот велешани им  земаа бод во Скопје.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »