Петар Печков
Објавено: недела, 07 ноември 2021
Со победа на гостувањето во Тетово, над екипата на ЖФК Шкендија, женскиот фудбалски клуб на Борец стигна до третото место на табелата од Првата лига.
Велешанки со убедливи 0:4 славеа над послабо рангираната екипа домаќин, која беше седма со само една победа. ЖФК Борец лесно стигна до веќе пресметаните три бода и сега имаат вкупно 10, и се во група со уште три екипи ЖФК Истатов, ЖФК АС јунајтед од Струга и ЖФК Љуботен.
Во следното коло, кое се игра в среда од 13ч. на Градски, гостува екипата на ЖФК Деспина од Прилеп која е осмо пласирана од 12 тима, со шест бодови.
Во натпревар од 10-тото коло од Втората лига Исток, фудбалерите на ФК Локомотива од Градско, загубија со 3:0 (0:0) во Гевгелија од екипата на Кожуф, која е во средината на табелата. „Локоси“ остануваат претпоследни-11-ти од 12 екипи со само 4 освоени бода, колку што има последно пласираниот ФК Братство од прилепско Житоше. Во следното коло, кое ќе се игра на 20-ти ноември, во Градско гостува третопласираниот тим на табелата ФК Каменица САСА.
Tweet |