Петар Печков
Објавено: вторник, 27 октомври 2026
Победа за футсал екипата на КМФ Кеби моби во третото коло од Првата лига. Совладан е составот на КФМ Јувентус Серава со 7:5 (4:2). Велешани стигаа од нови три бода , прва побeда во одигран натпeвар.За потсетување првите бодови ги добија на маса, службено оти гостите не допатуваа. Гостите на овој натпревар поведоа, домаќините за кратко време направија пресврт со 3:1. Велешани водеа и со 7:2, а во финишот гостите со три гола го ублажија поразот. Три гола за КМФ Кеги моби постигна Трајче Трајков, по два Левков и Панев. Во четвртото коло КМФ Кеги моби гостува во Тетово на составот на КМФ ССЕ Универзитет.
Викендов се одгираа две кола од Супер лигата во пингпонг. Велешки ППК Борец ТИМ забележа пораз и победа. Загуби од ППК Младост со 0:4 а победи против последниот ППК Студент, кој нема ниту еден бод со 2:4.По 5 кола, новакот во оваа лига, велешки ППК Борец е 7-ми со две победи и 7 бода, во група со уште две екипи со идентични бодови.
Следните две кола се играат на 15 ноември. ППК Борец ТИМ игра со составот на ППК Радовиш, кој има една победа и со ППК Астраион од Струмица која е трета со 4 победи и еден пораз.
| Tweet |




