Петар Печков
Објавено: понеделник, 21 ноември 2022
Победа за одбојкарите на ГОК Борец во Првата лига, на гостувањето во Тетово, против екипата на ОК Универзитет Тетово и тоа со максимални 0:3 (19:25, 12:25, 20:25).Лесна задача за велешани против екиутап која досега има само една победа. По ова7 коло ГПОК Борец има 4 победи и два прози и го дели четвртото место со три екипи, ОК Лирија и ОК Либеро. Токму со ОК Лирија в среда на домашен терен во вонредното коло игра ГОК Борец и со победа извесно е дека ќе се пласира меѓу првите шест екипи, кои напролет продолжуваат за разигрување за плеј оф.
Прва победа за кошаркарите на КК Борец баскет. Во дербито на дното, на двете екипи кои немаат победа, велешани славеа и тоа убедливо против КК Црн Дрим од Струга со 100:64. Со оваа победа велешани се искачија место погоре и се 11-ти. Во следното коло играат во Скопје, против КК Работнички 2018 кој е 7-ми со три победи.
Се одиграа натпреварите од 9 коло на Првата ракометна лига. Двете велешки екипи, кои настапуваат во оваа конкуренција забележаа порази.
Во групата „А“ РК Бисинов во Штип загуби од РК Текстилец кој беше петто пласиран, со 29:27 (12:14). Иако до 60 минута велешката екипа водела со 22:25 домаќините извршиле притисок над неискусните млади велешани и направиле пресврт за победа. По ова коло РК Бисинов останува 9-ти последен на табелата со еден освоен бод. Во следното коло играат дома со РК Јехона од Гостивар која е 9 со три победи.
Во групата „Б“ МРК Борец во Ресен загуби од РК Преспа со 41:18 (21:8). иако со само две победи досега, домаќинот славел против велешани убедливо без натпреварувачка неизвесност. И по ова 9 коло ГКР Борец е последен без освоен бод. Во следното коло МРК Борец е слободен.
Tweet |