Петар Печков
Објавено: вторник, 14 март 2017
Продолжуваат натпреварите од првенството на Трета лига Југ. Во 16-тото коло настапија две велешки екипи.
Превалец дома со тесни 2:1 (1:0) го совлада седмо пласираниот Партизан од Обршани. И натаму превалчани се четврти со 32 бода и дојдоа до бод разлика до трето пласираната Победа, која овој пат дома одигра нерешено, но има натпревар помалку.
Гемиџии загубија во Удово од 10-то пласираната екипата на Младост со 3:2, со гол примен во судиското продолжување во 92-та минута. Гемиџии се шести со 23 бодови. И натаму на врвот нема промени Кожува е прв со 45 бода а Борец кој ова коло паузираше е втор со 35 бодови.
Во следното коло Борец 1919 гостува на Големо Коњари кој е 12-ти со 13 бодови, Гемиџии со шанса за победа против претпоследната тим од табелата, играат дома со Росоман а Превалец гостува на лидерот Кожуф во Гевгелија.
Tweet |