Петар Печков
Објавено: недела, 13 септември 2020
Градски стадион Зоран Паунов во Велес
Главен судија Димитар Мечкаровски од Скопје
Стрелци: Силва 70‘, Прелчец 78‘ (ФК Б)
Жолт картон: Ристовски, Ристески, Митров, Стоименовски (ФК Б) Маслаќ, Николов, Трапановски, Томовски (ФК АП)
Борец: Мустафа, Ристовски, Стоименовски, Стојчевски, Коцев, Прелчец, Силва , Ристовски, Ристески, Радовиќ , Станковски играа и: Митров, Десниќ и Ѓоргиев
Академија Пандев: Алчевски, Димов, Илиев, Николов Стоилов, Миловановиќ, Радески, Крстоски, Томиќ , Димоски, Маслаќ играа и Трапановски, Пандев, Томовски
Победа од 2:0 за нови три бода и осум досега освоени. Ова е исходот од денешниот натпревар на велешки Борец 1919 со ФК Академија Пандев од петтото коло на Првата фудбалска лига. Домаќинот до победата стигна со ефектните голови во финишот во 70-тата на Силва со удар од 16 метри, од ивицата на шеснаесетникот, по средината а гостинскиот голман Алчевски беше беспомошен. Идентично беше и во 78-та кога Прелчец од слободен удар од 17 м по средината на голот стрелаше прецизно низ „живот ѕид“ на противникот а нивниот голман само беспомошно ја изгледа топката во мрежата. Гостите скоро и да не се заканија а Прелчец имаше шанса прв да го отвори резултатот, но од пет метри беше непрецизен.
По пет одиграни кола ФК Борец е на делба на четвртото место со осум бода, од две победи и две реми и идентична гол разлика 5:3 со скопски Работнички. Во следното коло, во дербито велешани гостуваат на второ пласираниот ФК Силекс во Кратово, кој има 10 бодови.
Tweet |