Петар Печков
Објавено: среда, 28 април 2021
Градски стадион Зоран Паунов, Велес
судија Марјан Ецкоски од Охрид
стрелци: Мишов 15`, Адили 81`
ФК БОРЕЦ 1919: Георгиевски , Ефтимов, Коцев, Мишевски, Мишов, Османоски, Ристовски, Силва, Стоименовски, Талаков, Трајкоски во игра влегоа и Адили, Гавриќ, Трајков, Баша, Ибрахимовиќ
ФК ВАРДАР: Илиќ, Блажевски, Давидовиќ, Ѓурковски, Гугуљанов, Крстевски, Мирчевски, Најденов, Петковски, Величковиќ, Велковски игра и - Мицевски, Мирков, Велковски, Петечјук
Важна победа за велешките фудбалери, во борбата за опстанок во Првата лига, и тоа против директниот конкурент скопски ФК Вардар. По пет посни кола, со порази, конечно радост и победа од 2:0.
Домаќините поведоа со ефектниот гол на Мишов во 15 минута, по прецизното проигрување на Трајковски. Истиот фудбалер одлично го проигра Адили, кој во 81` стрелаше прецизно за 2:0.
Во средината на второто полувреме, фудбалерот на ФК Борец, Трајков доживеа повреда, три минути откако влезе во игра. Фудбалерот на Борец го повреди коленото без контакт, па беше изнесен на терен со носилки. Од клубот информираа дека за каква повреда станува збор, ќе се знае утре по прегледот на магнетна резонанса.
По ова 30-то коло, Борец е 7-ми со 36 бод, зад него е Силекс, следниот ривал, со 35 бода, колку што има и ФК Академија Пандев. Екипите на 9-тото и 10-тото место играат разигрување за опстанок. 31-то коло се игра на 1-ви мај.
Tweet |