Петар Печков
Објавено: вторник, 05 ноември 2019
Победа и два порази е ефектот на екипите од Општински фудбалски сојуз Велес, кои настапуваат во Третата лига Центар. ФК Превалец победи со 3:2 против екипата на ФК Младост од прилепско Кривогаштани, а е четврто пласирана на табелата. Со оваа победа превалчани остануваат втори на табелата со 25 бода, бод помалку од лидерот ФК Росоман 83.
ФК Локомотива во Градско загуби со 0:2 од екипата на ФК Динамо од прилепско Мажучиште која беше 11-та и по ова коло фудбалерите од Градско останаа последни, со само пет бодови.
ФК Илинден од Башино село на гостувањето во прилепско Големо Коњари загуби од истоимениот тим со 4:2 а домаќините беа соседи на табелата, 12-ти. По овој пораз ФК Илинден е 11-ти со 10 бодови.
Во следното 11-то коло,сабота ФК Превалец гостува во кавадаречка Марена каде игра со истоимениот тим, кој е десетти со десет бодови. Недела ФК Илинден БС во локалното дерби, ја пречекува ФК Локомотива од Градско.
Tweet |