Петар Печков
Објавено: среда, 26 февруари 2020
Изминатиот викенд освен фудбалерите на прволигашот Борец, настапија други три велешки клуба. Забележаа една победа и два порази.
Победничката серија во второлигашкото друштво на футсал лигата продолжува за КМФ Кеги моби. Во 14-тото коло со високи 8:0 го совладаа тетовски ССЕ Универзитет.
Прволигашот КМФ Велес загуби со 9:3 на гостувањето во Кратово од истоимениот тим. Натпреварот беше од 14-то коло.
Кошаркарите на КК Борец загубија во Струмица од второпласираниот тим на табелата КК Струмица со убедливи 81:57. По ова 11-то коло, велешани се пети со 14 бодови и четири победи. Во следното коло, в недела во 13ч. во салата Гемиџии доаѓа лидерот ТТФ, кој има само еден пораз досега.
Tweet |