Петар Печков
Објавено: недела, 10 ноември 2013
Во дербито на колото, од Првата лига на 4-то и 5-то пласираните екипи на Борец и Конзули од Битола, победија домаќинките Борец. Тие славеа со 2:1, во изедначен и тежок натпревар. По оваа победа велешанки остануваат во чекор со водечките екипи, тие се четврти со 18 бодови.
Машката екипа на Борец пак во саботата забележа нов пораз. Овој пат на домашен терен загубија од прилепска Победа Јуниор со 1:0. По 13 кола тие се 12-ти со 12 бода и се повеќе заостануваат бодовни од екипите кои се пред нив на табелата.
Tweet |