речник контакт

Победа за кошаркарите на КК Борец баскет, на коло пред крајот од ТОП 8

Три победи за велешките фудбалски третолигаши во групата Југ и еден пораз во 18 коло. Десетто коло на Општинска фудбалска лига

Петар Печков

Кошаркарите на КК Борец победија во 7-то коло од разигрувањето, славеа тесно со  82:76  (39:37). Натпревар во кој велешани водеа со мала предност, гостите се закануваа а финишот решаваше за победникот и двата бода за домаќинот.   Тимоти Џејмс кој забележа 30 поени,  со поддршка од Штерјов, кој даде 16 поени, Чадамов беше стрелец на 14 и Трпески со 12.  Бидејќи ова коло победија водечките четири клуба, остана истиот распоред на врвот, на коло пред крајот.  КК Соколи и КК Струмица со по 21 а КК Бутел и КК Борец басект се на делба на 3 и4 место со 20 бода. Во последното коло велешани гостуваат во Прилеп кај КК Мега баскет. 

Три победи за велешките третолигаши во групата Југ и еден пораз е резултатот од 18 коло. Победи лидерот ФК Борец со 0:1 над ФК Венец во Долни Дисан, неготинско. Тоа беше дерби на колото првопласираниот и третопласираниот. Велешани освоија важни бодови за зачувување на првото место. ФК Превалец дома победи со уверливи 5:0 над осмопласираниот ФК Бучим од истоименото крушевско село. Победа и за ФК Башкими од Горно Јаболчиште над 11-тиот тим од табелата ФК Влазними јуниор од крушевски Пресил, победија тесно со 3:2, со пресврт од 0:2 водство на гостите и победнички гол во судиското продолжение. Сеија од 4 победи во 4 натпревари за новиот тренер Драган Стефановски. Пораз за фудбалерите на ФК Тополка од четвртопласираниот ФК Млекар во Прилеп ФК Ултрас со 4:1.

По ова коло ФК Борец има предност од 6 бода над второпласираниот  ФК Превалец 46/40. СО победничка серија ФК Башкими се искачи на 6-тото место и 24 бода, а ФК Тополка е при дното со скромни 14 бода, 10-та од 12 екипи, две се откажаа. 

Во следното коло дерби ФК Борец игра со третопласираниот ФК Ултрас од Прилеп кој има 35 бода, ФК Превалец гостува во Росоман, кај истоимениот противник кој е седми со 24 бода, а локалното дерби се игра во Превалец ФК Тополка игра дома со ФК Башкими.

Се одигра и третото пролетно коло на Општинската фудбалска лига, без промени на врвот.  

Постигнати се следните резултати:
ФК Горски – ФК Согле                 3:0
ФК Локомотива – ФК Врановци   2:0
ФК Раштани – ФК Форца нова     0:1
Слободна беше екипата на ФК Младост
                    ТАБЕЛА
1.ФК ВРАНОВЦИ          9   6  1    2     21:9   19
2. ФК. МЛАДОСТ          8   6  0   2    25:15   18
3. ФК ФОРЦА НОВА      8   5   1  2    22:12   16
4. ФК ЛОКОМОТИВА    9   5  0   4    14:19   15
5. ФК СОГЛЕ                9   3 1    5    10:18   10
6. ФК ГОРСКИ              8   2  0   6    14:20     6
7. ФК РАШТАНИ           9   1  1   7      7:20     4

Следното коло играат:
ФК Форца нова – ФК Локомотива
ФК Врановци –ФК Горски
ФК Согле – ФК Младост
Слобдна е екипата на ФК Раштани 

АНКЕТА »

Дали на Велес му се потребни камерите за „безбеден град“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »