Петар Печков
Објавено: понеделник, 26 декември 2022
Во последното есенско коло од Првата футсал лига, екипата на КМФ Кеги моби., славеше во Слупчане, против екипата на КМФ Форца со 2:3. Домаќините кои се на делба на последното место, водеа со 1:0 и 2:1 а велешани го стигнуваа водството, за на крај и да се радуваат на победат од 2:4.По 13 одиграни кола, КМФ Кеги моби е 4-ти на табелата со 18 бода, каде и ќе „презими“. Првата лига брои 10 екипи.
Ракометарите на МРК Борец во 12 коло, гостуваа на екипата на РК Партизан од Гевгелија, каде загубија со 41:26 (20:14). Домашните кои беа претпоследни на табелата со две победи забележаа трета победа, во натпревар кој не беше неизвесен. Со ова завршува есенскиот дел ГРК Борец е последен во „Б“ групата без освоен бод. ВО „А’ групата РК Бисинов ова коло беше слободен. Тој е исто така последен во оваа конкуренција но има забележано две победи и едно реми. Првенствово продолжуваа кон крајот на месец февруари, следната година.
Во последното есенско коло од Втората кошаркарска лига, во Скопје, ан Чари, екипата на КК Борец баскет загуби од соседот на табелата КК Шкупи со 75:58. Со ова по одиграни 11 кола, овие две екипи го делат деветтото место со по 15 бода. Првенството продолжува на крајот од месец јануари.
фото Радица Дукова
Tweet |