речник контакт

Победа за одбојкарите ветерани на ОК Борец во продолжението од првенството (фото)

По шест кола велешани се втори, последното коло, пред разигрувањето се игра во Прилеп за 11 октомври

Петар Печков

Одбојкарите на Борец – ветерани, вчера, понеделник,  го одиграа заостанатиот натпревар од  лигата,  и забележаа победа. Славеа со 2:0 (11;19) над екипата на ОК Струмица. Натпреварот се одигра вчера попладне во салата на ОУ Блаже Конески.  Во првиот сет за одбележување е серијата од 10:0 серија на почетокот   од првиот сет, сите добиени од сервисот на Сашко Миланов.

Ова беше натпревар од шестото коло. Требаше да се игра минатиот викенд во Тетово, но струмичани биле спречени да отпатуваат. Според пропозициите,  одложениот натпревар се игра на теренот на противникот, од екипата по чие барање натпреварот се одложил. 

       ТАБЕЛА -  6 коло
1. ТЕТОВО            13   10:2
2.  БОРЕЦ ВЕЛЕС  12     8:2
3. СКОПЈЕ            10     7:4
4. ШКЕНДИЈА       10    7:4
5. СТРУМИЦА         6    4:8
6. ПРИЛЕП             3    2:8
7. ГЕВГЕЛИЈА         0   0:10 

Следниот  последен  седми турнир-коло од редовниот натпреварувачки дел на Државната лига на ветерани 2025, ќе се одржи на 11 Октомври во Прилеп во спортската сала на СОУ "Ѓорче Петров". ОК Борец ќе игра со ОК Шкендија.

За потестување велешани се лански, први победници во оваа лига. 

АНКЕТА »

Дали имаше реални попусти за „црниот петок“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »