речник контакт

Победа за одбојкарите во Првата лига

Пораз з две ракометни екипи, за кошаркарите и за пингпонгарите

Петар Печков

Одбојкарите на ГОК Борец ја забележаа третата   победа во шестото коло од Првата одбојкарска лига. Тие на домашен терен славеа над екипата на ОК Петровец , поранешен ОК Вардар,  со максимални 3:0 (25:14, 25:23, 25:21).ПО ова коло велешани се петти на табелата од 11 екипи.  Во следното коло кое се игра в среда, велешани гостуваат во Тетово на екипата на ОК Универзитет Тетово, кој е претпоследен на табелата со само една победа во пет средби.

Во ракометна Прва лига, два порази за двете велешки екипи. РК Бисинов во групата „А“ загуби дома од РК Младост со 26:29 (13:13). Младата велешка екипа давала сериозен отпор на второпласираниот тим на табелата, но на крајот бодовите заминале за Богданци.  РК Бисинов е последен, 9-ти,  со еден освоен бод. Во следното коло гостуваат во Штип, кај РК Текстилец кој е  5-ти со половичен успех, четири победи и исто толку прози.

Во групата „Б“ постариот велешки ракометен лигаш, МРК Борец загуби во Скопје од РК Металург РА со 59:26 (26:12). Клубот е последен во оваа група, осми, без освоен бод. Во следното коло во Велес гостува екипата на РК Преспа која е 6-та со ве победи.

Во Втората кошаркарска лига, екипата на КК Борец баскет, дома во салата Гемиџии, загуби од КК Вардар од Скопје со  57:79. Ова е петти пораз за младата велешка екипа, која е последна на табелата, без победа.  Во следното коло, дерби на дното, КК Борец баскет игра повторно дома и ја пречекува екипата на КК Црн Дрим од Струга која е ист така без победа.  
Викендов во Стррумица, во слата нa ОУ Маршал Тито, се одиграа последните две кола од есенскиот дел на Првата пинг понг лига. И во двете средби составот на ППК Борец ТИМ загуби со максимални 0:4 од екипите на лидерот Вардар од Скопје и од  Астраион од Струмица со кого беа соседи на табелата со сит број бодови. По ова 9-то коло ППК Борец ТИМ е 6-ти од 10 екипи, со 4 победи и пет прози и 13 бода. Првенството продолжува напролет. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »