Петар Печков
Објавено: понеделник, 25 октомври 2021
Одбојкарите на ГОК Борец на гостувањето во Струмица, кај екипата на ОК Македонија ЏИО, која е повратник во лигата забележаа максимална победа од 3:0 (12; 8; 14). Ова е втора победа во двете стартни кола од Првата лига, за велешките одбојкари. Веќе в среда играат дома со екипата на ОК Дебар, која досега нема освоени ниту сет.
Ракометите на ГРК Борец ја забележаа првата победа во Првата лига група „А“ совладувајќи ја екипата на РК Преспа 2015, која исто така беше без победа. Крајниот резултат е 21:24 (11:12) за велешани. Со оваа победа ГРК Борец се искачи на шестото место, од девет екипи, има три бода. Следното коло е в недела кога велешани дома играат со екипата на РК Работнички од Скопје која е место погоре, петта со две победи и шест бодови.
Трет настап, трет пораз во Втората лига за кошаркарите на КК Борец Баскет. Иако имаа предноста на полувремето (29:35)., на крајот се поразени со 73:58 од новакот во оваа конкуренција, екипата на КК Соколи во Штип. Првата победа велешани ќе ја бараат во следното коло пред домашната публика кога го пречекуваат составот на Охрид, кој засега има една победа.
Викендов настап имаа и пингпонгарите на Борец ТИМ. Тие загубија од лидерот Зегин Берово со максимални 0:4. По три одиграни кола, велешани имаат една победа и еден пораз. Следните две кола се на распоред на 14 ноември кога пингпонгарите на Борец ТИМ играат со екипите на Крушево и Кратово.
Tweet |