речник контакт

Победа за одбојкарите и одбојкарките на ОК Борец и за кошаркарите на КК Борец баскет

Победа за одбојкарите на ОК Борец, ОК Виола волеј беше слободна

Петар Печков

Одбојкарите на ОК Борец ја продолжуваат победничката серија во разигрувањето од Првата лига. Во третото коло ја забележаа третата победа и оваа со 3:0 (11,18,18) над екипата на Универзитет Тетово на домашен терен во салата Гемиџии. Со оваа победа велешани се искачија на второто место. Во следното коло голем предизвик, гостуваат кај лидерот ОК Штип. 

Победа за кошаркарите на КК Борец баскет и тоа уверлива на гостувањето во Скопје над КК Водно санс од 87:104 (38:63). Уште во првото полувреме се виде разликата во квалитет во корист на велешани, кој ја сочуваа до крајот на натпреварот. Во разигрувањето за пласман во Супер лигата, која се осум екипи, дури шест се со по 11 бодови скор 10-3, меѓу нив и КК Борец баскет. Во следното коло во Велес гостува екипата на КК Охрид, која има 9 бода заедно со КК Водно санс. Велешкиот клуб се засили со нов Американец Зион Јанг. Доаѓа од Чикаго, САД а во својата богата колеџ кариера има настапувано за повеќе D1 колеџ екипи забележувајќи 132 настапи за Oakland, W. Illinois и SUU.  Првото  „надворешно“  искуство го имал минатата сезона во првата лига на Азербеџан. 

Одбојкарите на ОК Борец дома славеа со 1:3 на гостувањето во Скопје над последно пласираниот  ОК Шкупи со 1:3 (5, -22, 8, 15) екипа која има една победа и тоа административна. Со оваа победа постариот велешки лигаш се искачи или врати на 4-то место од Втората лига коло Помладиот лигаш  ОК Виола  волеј беше слободен, бидејќи ОК Македонија макс се откажа од лигата на стартот од првенството но се впишуваат два бода во салдото и резултат од 3:0.  Тие со 16 бода остануваат 9-ти. Во следното коло ОК Борец го пречекува соседот на табелата ОК Ново село и тоа е дерби на колото 4 и 5 пласираниот тим на табелата а ОК Виола волеј гостува на аспирантот за врвот, ОК Вардар  од Скопје кој е второ пласиран.

АНКЕТА »

Дали на Велес му се потребни камерите за „безбеден град“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »