Петар Печков
Објавено: вторник, 19 октомври 2021
На стартот од одбојкарското првенство 2021/2022 одбојкарите ан ГОК Борец започна со победа. Со 3:1 ( 25:21; 24:26; 25:15; 25: 19 ) совладана е подмладената екипата на ОК Весна од Пробиштип. Велешани беа далеку подобра екипа и ги освоија првите три бода. Тие во своите редови имаат Украинец Азаров. Со ова се потврдуваат амбициите на клубот повторување на ланскиот резултат, односно влез во плеј-офот.
Во петтото коло од Првата ракометна лига група „А“, ГРК Борец дома загуби со 23:31 (10:14) од лидерот РК Драчево. Натпревар во кој од првите моменти гостите водеа и прашање беше со која разлика ќе заврши средбата. И по ова коло велешани немаат бод и се последни. Во следното коло, за две седмици ГРК Борец игра дома со РК Работнички од Скопје, кој се наоѓа на 5-то место со скор 2 победи и два порази.
Убедлив триумф на домашен терен остварија кошаркарите на Чаир 2030 во дуелот со велешки Борец Баскeт 84:55.Ова беше натпевар ов второто коло на Втора лига. И по овие два натпревар велешани се без победа. Во следното коло играат во Штип, на гости со екипата на Соколи 1933 – Борец Баскет.
Tweet |