Петар Печков
Објавено: сабота, 24 октомври 2026
Победа за одбојкарите на ГОК Борец на стартот од Првата одбојкрaска лига група А, во која се шестте побeдници од баражот. Прва жртва на велешани беше составот на ОК Сушево – струмичко со максимални 3:0 (8:20;16). Одбојкaрите на ОК Борец без мака стигаа до првите три бода на домашен терен.
Кошаркарите на КК Борец баскет загубија убедливо во Скопје од КК Феникс во Првата лига група А со 106:75 (46:32). Тоа беше натпревар во кој играа двете непоразни екипи по две кола во оваа конкуренција. КК Борец басект во следното коло игра со составот на ИБА Скопје.
Пораз за одбојкaрките на ОК Борец дома со 1:3 од составот на ланскиот прволигаш ОК Ускана од Кичево. Ова беше второ коло од Втората лига -жени.
Футсал екипата на КМФ Кеги моби натпреварот од третото коло на Првата лига го игра понеделник од 19ч. против составот на ОК Јувентус Серва во салата на ОУ Блаже Конески.
Познати се паровите од завршницата на првенството на одбојкарите ветерани. Во Прилеп се одигра последното коло, кога велешани беа слобдни. Постигнати се очекуваните резултати, па табелата останува без промени. Така на 1 ноември во Тетово, како град домаќин на првопласираната екипа во случајот ОК Шкендија, ќе играат ОК Борец и ОК СКопје а во второто полуфинале ОК Шкендија и ОК 11 Октомври од Прилеп. Подоцна ќе се игра финалето и за 3-то место. Во досегашните две првенства победници беа одбојкарите на ОК Борец ветерани.
| Tweet |




