Петар Печков
Објавено: четврток, 26 мај 2011
Велешани ја реализираа највисоката нивна победа годинава, во последниот натпревар од Супер лигата. Подмладениот јуниорски состав на гостите беше лесен плен за расположените домаќини, кои од минута во минута ја полнеа мрежата на кумановчани.
Голманот Крстевски со 25 одбрани, Илиев со 8, Мачавелов и Трчков со по 7 и Стојановски со 6 гола беа најдобрите поединци на средбата, додека кај кумановчани Кузманоски и Трајчевски со по 4 постигнати гола.
Борец е претпоследен на табелата и во очекување дали ќе игра бараж за опстанок или и без него ќе остане член на Супер лигата, во зависност од судбината на Регионалната ракометна лига.
Tweet |