Петар Печков
Објавено: понеделник, 08 март 2021
Одбојкарите на ГОК Борец загубија на домашен терен, совладани се од екипата на Универзитет Тетово со максимални 0:3 (16, 12, 24). По ова коло остануваат четврти во втората фаза од државниот шампионат, каде не забележаа победа по шест кола. Првенството продолжува со втор круг, со истите три екипи -дома- гости.
Во второто коло од Втората лига - ракометарите на ГРК Борец победија дома против екипата на РК Ринија до Гостивар со убедливи 31.20 (12:8). Во натпревар на двете екипи кои има победи на стартот, велешките ракометари забележаа сигурна победа за максимален учинок и шест бодови, колку што има екипата на РК Македонија ЃП: Токму со нив РК Борец игра следното коло.
Натпреварот од 13-тото коло на Втората кошаркарска лига Исток, помеѓу КК Борец- Баскет и КК Струмица е одложен.
Натпреварите од Првата фудбалска лига жени и Првата футсал лига, паузираат поради настапи на репрезентациите.
Tweet |