Петар Печков
Објавено: четврток, 08 март 2012
Велешани одиграа комплетни и победија по подолго време. Ракометарите на Борец решија да одиграат до крајот на овој дел од првенството комплетни, без оглед на тоа што клубот е без пари. Во екипата од Овче Поле се вратија и браќата Трчкови. Од првата минута до крајот водеа,играа одлично, на задоволство на малубројната публика. Најмногу во 48-та со десет 31:21.
Тодоровски со 9, Попов со 6, Мачавелов со 5 и голманот Крстевски со 15 одбрани меѓу нив и на два седмерци беа творците на победата. Кај гостите Лазов и Андовски со 7 и Трпевски со 5 најефикасни. Со оваа победа Борец е петти со 25 бодови по 17 одиграни кола. Заостанатиот натпревар против екипата на Кавадарци Борец ќе го игра в вторник.
Вчеравечер играа и ракометарките на Леов Бартек. Тие убедливо се поразени од лидерот на табелата Вардар со 32:12, полувреме 14:12. Велешанки даваа отпор првите 30 минути, потоа концепцијата на играта се руши по што скопјанки забележаа сигурна и висока победа. Леов Бартек е петти со 24 бодови по 14 одиграни кола.
Вчера играа редовни натпревари и одбојкарските екипи. На домашен терен машката екипа на Борец загуби од Лирија со 1:3 со што останува на дното од табелата, додека одбојкарките на Форшпед победија во Скопје против Вардар со максимални 3:0, по што и натаму се втори на табелата. В недела е ново дерби против третопласираната екипа на Македонија со Струмица.
Tweet |