речник контакт

Победа за ракометарите и футсал екипата

Велес обезбеди опстанок во Првата лига

Петар Печков

Футсал екипата на Велес со победата од 6:4, против второпласираниот Шкупи од Скопје го обезбеди опстанокот во Првата лига. Ова беше последно коло и велешани на крајот со  37 бода се најдоа на 7-то место. Со ова го избегнаа 8-то и 9-тото место  кое носеше бараж за опстанок во оваа конкуренција.

Ракометарите на Борец во саботата на домашен терен победија со 32:27, (12:10) против екипата на Пелистер од Битола. Велешани беа постојано во в одство, освен во првиет минути ан второто полувреме, кгао гостеи имаа период на израмнета игра 12:12 -14:14. По ова Борец  направи предност која постојано ја зголемуваше, з ана крајто д апобеди.

Најмногу заслуги за победата има голманот Александар Стојановски со 15 одбрани.  Најефикасни во редовите на  велешани беа Лазаровски со 8, Анастасовски со  7 и Тодоровски со 6 гола. Кај гостие Дрогришки постигна  7 гола. по оваа победа ГРК Борец и  натаму е петти со 23 бода, четири помалку од Пролет со кого игра веќе в среда.  

Ако велешани  победат  во Скопје  и со добриот распоред  може да се случи до крајот да  забележат се победи (уште две други), со што би го избегнале баражот за  опстанок во лигата.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »